Линкови за пристапност

Нов Зеланд ќе забрани полуавтоматско и автоматско оружје


Премирката најави и владина кампања за откупување на таквото оружје, со цел да ги охрабри сопствениците да го предадат смртоносното оружје.

Речиси една недела откако 50 муслимански верници беа застрелани во Крајсчрч. Нов Зеланд, премиерката Јасинда Ардерн изјави дека сето армиско полуавтоматско и автоматско оружје ќе биде забрането во земјата.

Забраната, што ја објави премиерката Арден во Велингтон, вклучува и поседување голем арсенал муниција, и додатни делови за смртоносното оружје. Таа најави и владина кампања за откупување на таквото оружје, со цел да ги охрабри сопствениците да го предадат.

Парламентот се очекува да ја одобри забраната кога ќе се врати на работа уште на првата седница во средината на април.

Властите во Нов Зеланд го обвинија 28-годишниот Брентон Харис Тарант, за поврзаност со масакрот во џамиите на 15-ти март.

Во меѓувреме, почнаа да се одржуваат погребите за 50-те жртви од двата напади. Полицијата соопшти дека сите тела се идентификувани.

Илјадници муслимански верници се очекува да учествуваат на утрешната петочна молитва во џамијата Ал-Нур.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG