Едно лице е обвинето за убиство и поврзаност со терористичките напади врз две џамии во Нов Зеланд при што се убиени најмалку 49 лица.
Новозеландската телевизија го идентификуваше напаѓачот како 28 годишниот Брентон Тарант од Графтон, Нов Jужен Велс, Австралија. Австралиски официјални лица потврдиja дека е австралиски државјанин.
Четворица, три мажи, и една жена се уапсени. Засега нема информации дека биле на листа на терористи кои биле следени.
Сите убиени биле во џамиите. Меѓу нив има и деца. Полицијата соопшти дека огромен број на автоматско оружје било пронајдено околу местата на масакрот.
Полицијата ги повика граѓаните да ги избегнуваат сите џамиите во Нов Зеланд. Премиерката на Нов Зеланд Јасинда Арден оцени дека „денешниот ден е еден од најтемните во историјата на земјата“.
Таа изрази жалење дека сите кои се директно погодени од нападите можеби се мигранти кои што дошле во Нов Зеланд за подобар живот.
Импровизирани експлозивни напади се пронајдени веднаш по нападите, објави полицијата. Нивото од закани од терористички напади е кренато на највисоко во Крајсчрч.
Facebook Forum