Линкови за пристапност

Нов Зеланд регистрираше прв починат од Ковид-19 од мај


Колку за споредба, САД продолжуваат да водат на листата во светот со бројката заразени и починати – со над 186.000 смртни случаи, и повеќе од 6,1 милион позитивни.

Нов Зеланд регистрираше прв смртен случај од Ковид-19 од крајот на мај, објавија здравствени лица, при што бројката на починати од вирусот изнесува 23.

Колку за споредба, САД продолжуваат да водат на листата во светот со бројката заразени и починати – со над 186.000 смртни случаи, и повеќе од 6,1 милион позитивни.

Бразил е веднаш зад САД со 4 милиони случаи и над 124.000 починати. Трета е Индија со речиси 4 милиони позитивни случаи и над 68.000 починати.

Силвио Берлускони, поранешниот премиер на Италија е хоспитализиран од Ковид-19. Докторите велат дека 83-годишниот има дијагноза за рана фаза од двојна пневмонија. Неговата здравствена состојба не е причина за загриженост, објави неговата партија „Напред Италија“.

Во колеџ во Пенсилванија, САД, во карантин се наоѓа цел оддел со студенти, откако 24-ца беа тестирани позитивни н Ковид-19. Колеџот за либерални уметности во Гетисбург има околу 2500 студенти.

УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО) објавија дека ќе ја предводат најголемата набавка и дистрибуција на вакцини против Ковид-19 од десетина производители во следните две години, со цел ниту една земја да нема недостиг од вакцина.

САД објавија дека нема да учествуваат во глобалната иницијатива, затоа што Светската здравствена организација ги предводи меѓународните напори со водечка ролја.

https://www.voanews.com/covid-19-pandemic/us-declines-take-part-global-effort-develop-global-covid-19-vaccine

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG