Премиерката на Нов Зеланд Јасинда Арден објави денеска дека нацијата нема да ги отвори границите за посетители до следната година за да го заштити успехот против пандемијата со коронавирусот.
Оваа нација од пет милиони жители е меѓу најуспешните во светот во справување со пандемијата. Има регистрирано само 2914 случаи и 29 починати, според Универзитетот Џонс Хопкинс. Најголем дел се должи на политиката за затворање на границите во изминатите 18 месеци за странци и посетители.
На прес-конференција во Велингтон, Арден рече дека неодамнешниот бран инфекции ширум светот ја убедил дека нејзината политика кон справувањето со Ковид е исправна.
Таа најави дека одложувањето на отворањето на границите ќе им овозможи да го комплетираат процесот на масовна вакцинација на населението.
Facebook Forum