Родниот град на претседателот Трамп Њујорк објави дека ќе ги откаже сите договори со неговите бизнис организации поради насилниот упад во Конгресот минатата недела од неговите поддржувачи.
„Градот Њујорк нема да се поврзува со тие неизбришливи акти во било која форма и начин“, истакна градоначалникот Бил де Бласио во соопштение. Де Бласио рече дека почнал процесот на „поништување на сите договори“ за градската вртелешка и двете лизгалишта на отворено во Централ Парк, преку кои компанијата Трамп годишно инкасира по 17 милиони долари.
Синот на Трамп, Ерик ги отфрли мерките и изјави дека ќе бидат правно оспорени.
“Ова е уште еден пример за некомпетентноста и очевидното газење на фактите. Градот Њујорк нема правни аргументи да ги поништи договорите, а ако се осмели, тогаш ќе ни должат 30 милиони долари на компанијата Трамп. Ова не е ништо други освен политичка дискриминација и жестоко ќе се бориме против тоа“, изјави синот на претседателот на САД.