Етиопјанецот Лелиса Десиса и Kенијката Мери Кеитани се победници на годинашното издание на светски популарниот маратон во Њујрок што се одржа во неделата.
Десиса ја заврши трката за два часа, пет минути и 59 секунди, победувајќи го неговиот сонародник Шура Китата за 1,99 секунди.
Кеитани е втората жена што по четврти пат победува на маратонот. Таа заврши за два часа, 22 минути и 48 секунди, што е второ најбрзо време во историјата на њујоршката трка. Кеитани беше побрза од сонародничката Вивијан Шеријот за три минути и 13 секунди.
Претходно Kенијката го освои маратонот во 2014, 2015 и во 2016 година. Третото место, пак, во женска категорија го освои Aмериканката Шелајн Фланаган.
Даниел Романчук, пак, стана првиот Американец што победил во категоријата на инвалидски колички, со време од еден час, 36 минути и 21 секунда. Романчук беше побрз за 1,15 секунди од Швајцарецот Марсел Хаг.
Во женската категорија на инвалидски колички по втор пат победи Мануела Шар од Швајцарија.