Линкови за пристапност

Здравствени проблеми 10 години по нападите врз САД


Здравствени проблеми 10 години по нападите врз САД
Здравствени проблеми 10 години по нападите врз САД

Уривањето на кулите близначки предизвика огромно загадување на воздухот, а илјадници припадници на спасувачките екипи и пожарникари беа изложени на опасност по здравјето.

Кога кулите близначки на Светскиот трговски центар се урнаа од нападите на 11-ти септември, огромни облаци чад и прав го исполнија воздухот со токсични хемикалии. Полицајците и пожарникарите беа тие кои беа во првите редови за да помогнат во спасувачките напори. Сега, студиите покажуваат дека голем број од нив најверојатно имаат трајни последици по здравјето со болести поврзани со нивното искуство тој ден.

Д-р Мајкл Крејн раководи со програмата за здравство при болницата Маунт Синаи во Њујорк. Тој изјави дека третман во болницата добиле околу 20.000 работници кои биле изложени на опасните материи.

„Астма, ринитис, воспалување на носот, ларингитис, синуситис, покачена телесна температура и болки во пределот на лицето. Сите овие болести кај овие луѓе, се хронични“, вели тој.

Кен Џорџ е еден од овие работници. Со своите колеги минал 700 часови во прашина и урнатини.

„Секојдневно за да се справам со болките и последиците од болестите, морав да земам по 33 различни лекови. На 47 години, имам бели дробови на 80-годишен човек кој долги години бил пушач. Многумина ми велат треба да заборавиш што се случило на 11-ти септември, но како, кога секое утре треба да ги земам лековите и со себе да носам резервоар за кислород“, изјави Џорџ.

Лекарите од болницата Маунт Синаи потенцираат и дека многумина од пријавените пациенти страдаат и од пост-трауматски стрес, депресија и големо ниво на анксиозност.

Друга студија пак изложеноста на токцините ја поврзува со појава на рак. Ова е д-р Дејвид Презант.

„Според нашите истражувања, постои зголемен број на заболени од рак меѓу припадниците на спасувачките екипи по нападите на 11-ти септември. Регистриравме зголемување на овој број од 19%“, изјави д-р Презент.

Студијата за појава на рак траела само седум години, што се смета за краток период со оглед на фактот што за ракот да се развие вообичаено се потребни и до 20 години.

Експертите додаваат дека очекуваат во иднина со здравствени проблеми да се пријавуваат дополнителни лица кои биле изложени на токсични материи.

XS
SM
MD
LG