Британскиот пејач Џеси Џеј ја отпеа Imagine од Џон Ленон за време на одбројувањето на последните моменти од годината што измина и традиционалното спуштањето на кристалната топка на Тајм Сквеар.
Потоа следеше незаборавен огномет и задолжителните конфети за новогодишната ноќ. Новата година беше пропратена со препознатливите хитови од Френк Синатра, „Њујорк, Њујорк“ Реј Чарлс – „Америка“ и Луис Армстронг „Прекрасен свет“.
За безбедноста во метрополата беа ангажирани 6000 полицајци и тајни агенти. Нема извештаи за инциденти освен прославувања долж источниот брег на САД.
Во меѓувреме, властите во Њујорк, уапсија 25-годишник дека планирал напад во ресторан во Њујорк во името на Исламската држава. Емануел Лихтман од Рочестер е обвинет и дека се обидел да обезбеди материјална поддршка за терористите.
Насекаде низ светот, стравот од тероризам, значеше и зголемени безбедносни мерки, па дури и откажувања за настани од јавен карактер во некои земји.
Полицијата во Минхен, Германија нареди евакуирање на две железнички станици. Тие соопштија дека имале индикации дека е планиран терористички напад. Властите побарале од граѓаните да се воздржат од јавни собирања.
Во Москва, беше затворен за јавни манифестации, исконскиот Црвен плоштад. Иако официјално не беше потврдено, ваквиот невообичаен чекор се толкува поради загриженоста од терористички напади по уривањето на руски патнички авион во Египет и актуелната руска воена кампања во Сирија.
Властите во Брисел ги откажаа плановите за огномет спроти дочекот на Новата година поради стравувања од тероризам. И главниот огномет на познатат авенција Шанзелизе во Париз беше откажан, а францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека земјата не завршила со тероризмот и дека заканите од терорисчки напади остануваат на највисоко ниво.
Лондон и Единбург ја дочекаа Новата година со огромни огномети, а стотици илјади граѓани прославуваа по улиците.
Во Рио де Жaнeиро, се одржа новогодишна прослава со два милиони луѓе на плажата Копакабана, а беа потрошени 24 тони пиротехнички материјал за спектакуларниот огномет.