Линкови за пристапност

Сенатот ја потврди Кејт Мари Брнс за американска амбасадорка во Северна Македонија


Таа е дипломат од кариера во Стејт департментот

Дипломатката од кариера во Стејт департментот беше на функцијата заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД во Грција.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кејт Мари Брнс за идна амбасадорка во Северна Македонија.

За неа се вели дека претходно била втор човек на мисијата и заменик - постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата дипломатска кариера работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, и била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Брнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG