Линкови за пристапност

Евробарометар: Подобрување на довербата во судството и обвинителството, приоритет во 2021-ва


Ново истражување на Евробарометар
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Ново истражување на Евробарометар

Евроамбасадорот уверува дека како и досега, Унијата ќе продолжи да помага и финансиски и со експерти

Подобрување на исклучително ниската доверба во судството и обвинителството која, како што покажа последното предновогодишно истражување на Еврометар, изнесува само 14 проценти, според Европската унија треба да биде главен приоритет на властите во 2021. Врвите претставници на ЕУ во земјава, повикувајќи се на октомврискиот извештај на Европската комисија, нотираа подобрување во правосудната сфера, напредок во реформите и владеењето на правото – еден од клучните европски критериуми, но и потреба од доследно имплементирање на законите.

Со силна заложба од ваша страна и со поддршка од ЕУ имаме единствена можност да го подобриме правосудниот систем, да ја унапредиме досегашната работа, се во интерес на сите граѓани.
Гир, евроамбасадор


„Целосна имплементација на принципите на независност и транспарентност треба да продолжи. Останува клучно судството да биде заштитено од опасноста, па дури и перцепцијата на политичко влијание. Враќањето на јавната доверба во судството е прв приоритет. Единствен начин за напредок е таков пример да покажат сите надлежни. Со силна заложба од ваша страна и со поддршка од ЕУ имаме единствена можност да го подобриме правосудниот систем, да ја унапредиме досегашната работа, се во интерес на сите граѓани.“, изјави Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.

Евроамбасадорот уверува дека како и досега, Унијата ќе продолжи да помага и финансиски и со експерти – од оваа година почнува и ЕУ-мониторингот на клучни судски предмети, нешто што и министерот за правда го спомена во набројувањето на приоритетите за 2021.

Прво, доследна примена на моделот на евалуација на судиите и јавните обвинители од страна на Судскиот совети, Јавниот обвинител и Советот на обвинители.
Маричиќ, министер за правда


„Прво, доследна примена на моделот на евалуација на судиите и јавните обвинители од страна на Судскиот совети, Јавниот обвинител и Советот на обвинители. Втор приоритет е почеток на мониторинг на ЕУ и ОБСЕ на предмети на висока корупција, околу 50 предмети годишно, понатаму, преземање чекори за дигитализација во судството. И конечно имплементација на Стратегијата за реформата во правосудството, која треба да биде завршена до крајот на оваа година.“, оцени Бојан Маричиќ, министер за правда.

Паралелно со финиширањето на актуелната, надлежните треба да изготват нова, 5-годишна стратегија за реформа на правосудството 2022-2027. Целта е со овие планови кои треба доследно да се применат да се изгради современ, независен, европски правосуден систем во кој граѓаните ќе имаат доверба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG