Линкови за пристапност

Новата национална безбедносна стратегија со фокус на интересите на САД


Ќе биде претставена на 18-ти декември, 2017-та

САД ќе ја претстават новата национална безбедносна стратегија на 18-ти декември, чија цел ќе биде заштита на светскиот поредок, формиран по Втората светска војна, и покрај обидите на силите како Русија и Кина за негово поништување.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа Ејџ-Ар Мекмастер, изјави дека новата стратегија ќе се потпре на „мирот преку силата“, со цел се промовираат американските интереси во странство. Тој најави дека сојузништвото со традиционалните американски партнери ќе добие проминентна ролја во пристапот на Вашингтон.

И покрај загриженоста дека кампањата на претседателот Доналд Трамп „Прво, Америка“, ќе води до повлекување од светската сцена, Мекмастер рече дека новата стратегија ќе го направи токму спротивното, наместо да има враќање на довербата, светот ќе види поголема определеност кај САД.

Администрацијата на Трамп со месеци работи на изготвување на оваа нова стратегија.

​Мекмастер најави дека новиот финален документ ќе биде фокусиран на четири принципи: заштита на националната безбедност, напредок на американската економија и безбедност, посилен армиски капацитет и ширење на влијанието на САД.

Тој ја издвои Русија дека претставува закана по САД со таканаречната „нова генерација на кибернетски напади“, алудирајќи на наводите на американската разузнавачка заедница за тоа дека Москва се обидела да влијае врз американските претседателски избори во 2016-та.

Советникот за национална безбедност воедно ја критикуваше и Кина за, како што ја нарече, „економска агресија“.

За Иран, Мекмастер вети нови мерки со кои од Техеран ќе се бара да се справи со дестабилизаторските активности во Сирија и на Блискиот Исток, истовремено блокирајќи ги сите насоки кон нуклеарно оружје.

Во новата национална стратегија ќе биде издвоена постојаната закана од терористички организации, коишто Мекмастер ги опиша како „радикална исламистичка идеологија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG