Линкови за пристапност

Северна Македонија: Почеток на учебна година со предупредувачки штрајк


Учебната година почна со делумен штрајк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Учебната година почна со делумен штрајк

Денешниот штрајк беше предупредувачки - од утре наставата ќе се одвива нормално. Ако не се исполнат синдикалните барања, штрајкот ќе се активира.

Дел од учениците во земјата наместо во училниците, првиот ден од новата учебна година го поминаа пред затворените школски врати. Голем број основни и средни училишта, поради штрајкот на наставничкиот кадар за поголеми плати, денеска не одржуваа настава.

Во други училишта пак се примаа учениците, но немаше настава, додека пак во некои денот помина според планираното.

Додека родителите забележуваат зошто се чекало до последен момент – пред стартот на учебната година за решавање на барањата на Самостојниот синдикат за образование, министерството за образование уверува дека до крајот на месецот ќе се најде решение со синдикатот кој очекува покачување на платите од 25 отсто.

„Размислуваме сериозно - кажавме и јавно ветивме дека продолжуваме со нашите напори за подобрување на статусот на сите вработени во образованието. До сега стигнавме до 10,8 отсто и ќе продолжиме и понатаму“, вели Арбер Адеми, министер за образование.

Во СОНК се задоволни од денешниот штрајк -

„Очекуваме до крајот на септември да се договориме со Владата за процентот на зголемување на платата. Ако тоа не се случи, ќе расправаме на ниво на СОНК што ќе преземеме“, коментира Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Денешниот штрајк беше предупредувачки - од утре наставата ќе се одвива нормално. Ако не се исполнат синдикалните барања, штрајкот ќе се активира.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG