Линкови за пристапност

Северна Македонија: Парламентот треба да ги верификува мандатите на пратениците


Северна Македонија: Парламентот ги верификува мандатите на пратениците
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:35 0:00

Северна Македонија: Парламентот ги верификува мандатите на пратениците

Стартот на собраниската процедура за избор на новата влада следи по информациите дека лидерот на ДУИ успеал да го смири внатрепартиското незадоволство поради предлогот Артан Груби и Бујар Османи да бидат министри за политички систем и за надворешни работи во новата влада на Зоран Заев.

Најверојатно утре во Собранието ќе биде поднесен предлог-составот на идната влада и нејзината програма. Така најави самиот мандатар – според Заев ќе се чека парламентот денеска да ги верификува мандатите на пратениците кои доаѓаат на местата на оние пратеници кои излегуваат од Парламентот зашто ќе преземат функции во изршната власт.

Стартот на собраниската процедура за избор на новата влада следи по информациите дека лидерот на ДУИ успеал да го смири внатрепартиското незадоволство поради предлогот Артан Груби и Бујар Османи да бидат министри за политички систем и за надворешни работи во новата влада на Зоран Заев. По интензивни разговори Али Ахмети ги убедил пратениците-бунтовници да гласаат за владата, меѓу нив влијателниот Изет Меџити и доскорешниот директор на скопскиот институт за јавно здравје, Арбен Зибери. Денеска, на влегување во парламентот, двајцата изјавија дека ќе ги дадат нивните гласови за новата влада, кои се клучни зашто власта има „тенко“ мнозинство од 62 пратеници.

Мора да признаам дека имам забелешки за тоа кои кадри ќе влезат во извршната власт.
Меџити, ДУИ


„Мора да признаам дека имам забелешки за тоа кои кадри ќе влезат во извршната власт. Но, по долгите дебати во партијата, последниот збор го има Али Ахмети. Јас ќе гласам за идната влада.“, изјави Изет Меџити од ДУИ.

Имаше партиски дебати за тоа кој ќе влезе во владиниот кабинет, но сето тоа е во рамките на партиската демократија.
Зибери, ДУИ


„Имаше партиски дебати за тоа кој ќе влезе во владиниот кабинет, но сето тоа е во рамките на партиската демократија.“, вели Арбен Зибери, ДУИ.

Ако предлогот за новата влада и дефинитивно утре биде поднесен до Собранието тогаш е можно за оваа точка парламентот да расправа викендот по што би следело гласасњето за што се потребни најмалку 61 пратеник „за“.

XS
SM
MD
LG