Линкови за пристапност

Над 12 милиони позитивни на Ковид-19 во светот


САД водат во светот со најмногу позитивни случаи од Ковид-19, над три милиони, вклучувајќи и 60.000 нови случаи во еден ден, што е рекорд од почетокот на пандемијата.

Пандемијата со коронавирусот надмина нов праг – над 12 милиони заразени, според он-лајн следењето на Универзитетот Хонс Хопкинс во Вашингтон.

САД водат во светот со најмногу позитивни случаи од Ковид-19, над три милиони, вклучувајќи и 60.000 нови случаи во еден ден, што е рекорд од почетокот на пандемијата.

Редица за тестирања во Хјустон
Редица за тестирања во Хјустон

Најмалку пет сојузни држави, Калифорнија, Тексас, Тенеси Западна Вирџинија и Јута имаат регистрирано рекорден број на нови случаи. Здравствените лица од Калифорнија, Аризона, Флорида и Тексас предупредија дека болничките капацитети се исполнети или се до максимум во Одделите за интензивна нега.


Во меѓувреме, жителите од вториот најголем град во Австралија, Мелбурн, од синоќа се во шестнеделен карантин поради алармантниот скок од новозаразени случаи. На жителите им се укажува да останат дома освен ако не одат на работа, во училиште, да купат храна или лекови.

Во Јапонија, јавниот ТВ сервис НХК, пренесе дека Токио има рекордни 224 нови случаи со Ковид-19, нов рекорд за еден ден, во главниот град.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG