Линкови за пристапност

Нова вонредна состојба, ќе трае само 14 дена


Нова вонредна состојба 14 дена
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Нова вонредна состојба 14 дена

Стево Пендаровски се решил на покус период, иако владата побара нови 30 дена

Шефот на државата прогласи нова вонредна состојба, тоа е епилогот од денешната седница на Советот за безбедност. За разлика од претходните две 30-дневни вонредни состојби, оваа трета, ќе трае само 14 дена. Стево Пендаровски се решил на покус период, иако владата побара нови 30 дена.

„По широките консултации со правни експерти и мои советници, одлучив да прогласам нова вонредна состојба од само 14, а не 30 дена. Сметам дека 14 дена, се доволни. Причината за тоа е дека треба да се имплементираат мерките за справување со економските последици од кризата.“, оцени претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски вели дека три пати размислил пред пак да прогласи вонредна состојба и дека неговата одлука нема никаква врска со датумот за избори за кои власта и опозицијата се уште не можат да се договорат, прашање за кое ќе се дикутира на почетокот на идната седмица на нова лидерска средба.

„Траењето на оваа вонредна состојба нема никава врска со датумот на избори. Тоа е тема што ќе ја диксутираме на идната седница на лидерите. Нова вонредна состојба ни е потребна само за справување со економските ефекти и со заокружување на здравствените мерки. Сакам да побарам од владата да размисли за постепено олабаување на мерките за ограничено движење на граѓаните.“, оцени претседателот Стево Пендаровски.

На Советот било заклучено дека досегашната стратегија дала резултати што значи дека државата добро се справува со пандемијата поради која и земјава од 18 март е во вонредна состојба. Со новите 14 дена вонредната состојба ќе трае заклучно со 30 мај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG