Официјални лица од австралиската држава Викторија, некогаш епицентар на пандемијата на Континентот, почнаа со олеснување на стриктните рестрикции во време кога опаѓа бројката. А, нови и активни случаи заразени со Ковид-19.
Од денеска, жителите на една од државите, која го вклучува Мелбурн, вториот град по големина во Австралија, нема повеќе да се соочат со ограничување на времето кои го минуваат надвор од домовите, школите и рекреативните центри и ќе им боде дозволено да патуваат до 25 километри од местото на живеење. Парковите, голф-терените и козметичките салони повторно се отворени, но со задолжително носење маска и мерки за социјално дистанцирање.
Собирање на 10 луѓе од две семејства ќе биде дозволено. Тениските и голф турнири ќе може да продолжат да се одржуваат.
Мерките ќе бидат дополнително олеснети на 2-ри ноември, со делумно отворање на продавниците, баровите и рестораните.
Државата Викторија денеска јави само за 4 нови случаи за позитивни и еден починат.
Facebook Forum