Американската инфраструктура доби оценка Ц- од Здружението на цивилни инженери во САД. Тоа е последица од долгогодишна неангажираност на владата за лошата состојба со патиштата и мостовите, додека аеродромите, снабдувањето со вода и транзитните системи имаат потреба од надградување.
САД треба да потрошат 5,9 трилиони долари во следната деценија, или околу 2,6 трилиони повеќе отколку што нормално би биде издвоени средства за одржување на инфраструктурата на безбедно нивоЗдружение на цивилни инженери на САД
Од Здружението на цивилни инженери, наведуваат дека САД треба да потрошат 5,9 трилиони долари во следната деценија, или околу 2,6 трилиони повеќе отколку што нормално би биде издвоени средства за одржување на инфраструктурата на безбедно ниво.
Од цивилните инженери се анализира оценката за инфраструктурата, што одвај го мина прагот за академскиот систем во САД, иако, потенцираат дека има подобрување од претходната оценка од Д- во 2017-ма. Тоа делумно се должи на владините и напорите од приватниот сектор за поправка на оштетувањата со снабдувањето со вода.
Трошоците за унапредување на инфраструктурните проекти честопати се дебата во политички Вашингтон.
За време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп, неговата администрација се заложи за многу инфраструктурни програми, но, никогаш, не постигна Договор со Конгресот за нивно финансирање.
Сега, новиот претседателот Џо Бајден изрази надеж дека планира да се зафати со реализирање на плановите за унапредување на инфраструктурата ширум нацијата, како дел од наскоро усвоениот пакет економски помош од 1,9 трилиони долари.
Новиот стимулативен пакет е веќе усвоен во Претставничкиот дом, и се очекува да добие зелено светло во Сенатот до средината од март.
Инфраструктурните предизвици излегоа на површина во сојузната држава Тексас во февруари, кога силното екстремно студено невреме предизвика недостиг од струја и чиста вода за пиење за милиони Американци со денови.
Facebook Forum