Линкови за пристапност

Повици за психосоцијална поддршка во Охрид


Повици за психолошка помош во Охрид, последици од Ковид-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Повици за психолошка помош во Охрид, последици од Ковид-19

Охридскиот тим за психосоцијална помош очекува зголемен број на повици од граѓани по олабавување на мерките.

Десетина повици дневно добиваат двајцата психлози во тимот за психо-социјална поддршка и помош кој во Охрид беше формиран веднаш откако пандемјата со Ковид 19 зеде замав во Северна Македонија. Но тие очекуваат бројот на повици од граѓани да биде уште поголем по олабавувањето на мерките, затоа што на луѓето сега ќе им биде тешко да се вратат во нормален колосек.

Охридскиот тим за психосоцијална помош очекува зголемен број на повици од граѓани по олабавување на мерките.

Луѓето излегувајки од една стресна ситуација и ќе им биде тешко да се вратат повторно во нормала и затоа ќе имаат потреба од психосоцијална подршка, вели Александра Николеска, психолог.

Денот на Ранко и Александра психолози во тимот за психосоцијална подршка при Црвениот крст од Охрид, во ова време на пандемија од Ковид 19 им поминува со јавувања на граѓани кои имаат потреба од помош. Поради мерките на претпазливост и забраната за групирање, комуникацијата се одвива преку отворена телефонска линија или преку видео-врска на интернет. Линијата почна со работа на средината март кога дојде и до зголемување и на бројот на заболени во земјава.

„Претежно се работеше за луѓе кои имале или имаат, здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни заболувања, луѓе кои живеат во станбени згради па нивните активности се ограничени, а имаат препораки од нивните доктори да се движат или да прават некое пешачење. Па, тука беа советите како да се грижат за сопственото здравје и како да го подобрат функционирањето во таа средина во која се наоѓаат во тој момент“, Ранко Раткушиноски, психолог.

„Имаше една ситуација со самохрана мајка која имаше три деца и беше многу уплашена бидејќи беше сама. И требаа продукти, не може да излезе, нема со кој да ги остави децата, но и да излезе се плаши како ќе се врати дома, што ќе се случува. Ја поврзав со екипата на Црвен крст за достава на храна. За другото разговаравме дека децата се благодет на кој треба да им се радува и да го искористи тоа време кое е со дечињата. И навистина имаше ефект затоа што врските на дечињата и родителот се подобрени“, Александра Николеска - психолог.

Најмногу повици добиваат од лица кои се на средновечна возраст, а кои биле загрижени за сопственото здравје. Се сретнувале и со ситуации на уплашени луѓе, па најчестите прашања биле како да ја пребродат целата оваа ситуација.

„На почетокот луѓето се соочија со еден непознат стрес - фактор. Кај нив сето ова предизвика една состојба на анксиозност, стрес и депресивни моменти кои предизвикаа нарушување во секојдневното функционирање, во спиењето, во сонувањето, во сите тие дневни активости. Нашата насока беше како да се ослободат од тој стресен момент и како да гипребродат тие кризи“, вели Ранко Раткушиноски, психолог.

Александра очекува дека по олабавувањето на мерките потребата за психосоцијална поддршка ќе биде уште поголема.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG