НБА денеска ја продолжува сезоната по 20 недели пауза откако беше тестираниот првиот кошаркар позитивен на Ковид-19.
Сите преостанати натпревари ќе се играат во комплексот Дизни во Орландо, Флорида, каде играчите, тренерите и членови од тимовите живеат со недели.
Професионалната кошаркарска лига воведе стриктни прописи – како забрана за патување на тимовите, задолжителен карантин за секој што ќе го напушти комплексот, натпревари без публика – се со цел да се спречи ширењето на коронавурусот.
Комесарот на НБА Адам Силвер е загрижен за продолжувањето на сезоната, но порача дека сите кои се наоѓаат во комплексот се тестираат секојдневно и организаторите се подготвени да реагираат при појава на позитивен случај на Ковид-19.
Првиот натпревар вечерва ќе биде меѓу Њу Орлеанс Пеликанс и Јута Џез, а вториот меѓу ривалите од Лос Анџелес: Лејкерс – Клиперс.
Facebook Forum