Линкови за пристапност

Милвоки Бакс – шампиони во НБА


Адетокунбо ја освои и титулата најкорисен играч во финалето – МВП, за неговиот учинок од 50 поени и 14 скока.

Милвоки Бакс ја освоија втората шампионска титула во историјата на тимот во 50 годишното учество во натпреварите во американската професионална кошаркарска лига – НБА, благодарение ѕвездата од Грција, Јанис Адетокунбо, кој беше најзаслужен за триумфот на Бакс во шестиот меч од финалната серија и кој постигна 50 поени, и имаше 14 скока.

Кај гостите од Феникс Санс, најпрецизни беа кошаркарите Крис Пол со 26 и Девин Букер со 19 поени.

Адетокунбо ја освои и титулата најкорисен играч во финалето – МВП, за неговиот учинок од 50 поени и 14 скока.

Бакс ги порзија Санс со 105-96, и севкупно со 4-2 во финалната серија од „најдобар од седум натпревари“.

Иако губеа со 2:0 во серијата, Милвоки победи во следните 4 натпревари.

Пред салата во Милвоки, кошаркарите на Бакс ги бодреа повеќе од 65.000 домашни навивачи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG