Линкови за пристапност

Зголемени поморски активности на Кина и Русија во близина на Вашингтон


„Пред 15 години тоа беше незамисливо“, коментира американски адмирал.

Кинеска поморска флота оперира во Северниот дел на Атлантскиот океан, а руски подморници се наоѓаат во истите води, тренд што го немало уште од крајот на Студената војна, потврди американски адмирал во ексклузивно интервју за Гласот на Америка.

Шефот на поморските операции, адмиралот Џон Ричардсон, истакна дека кинеското армиско раздвижување од северниот дел на Атлантикот во Медитеранските води е нова динамика.

„Пред 15 години тоа беше незамисливо“, коментира тој.

Според адмиралот, кинеската морнарица станува глобална и е „подготвена и има капацитет“ да оперира каде што ќе посака Пекинг.

Сепак кинеските операции во близина на источното крајбрежје на САД не се толкава закана како руските поморски бродови под површината на океанот. Сојузниците на НАТО од Северна Америка до Европа се особено загрижени за зголемената активност на руски подморници во водите на Северна Америка.

Се работи за зголемена активност што не е регистрирана во последните 25 години, вели Ричардсон.

Американски официјални лица се надеваат дека Москва може да ги искористи поморниците да ги пресече или попречи подводните кабли што ги поврзуваат двата континента.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG