Линкови за пристапност

Шише со вода со остатоци од отров пронајдени во собата на Алексеј Навални


44-годишниот Навални нагло му се слошило во авионот од Томск кон Моксва на крајот од август, при што авионот принудно слетал во Омск, каде бил одведен во болница.

Соработниците на Алексеј Навални велат дека остатоци од нервен агенс го затруле рускиот опозиционен политичар. Тоа било пронајдено во шишето со вода во хотелската соба во која престојувал во рускиот град Томск.

44-годишниот Навални нагло му се слошило во авионот од Томск кон Моксва на крајот од август, при што авионот принудно слетал во Омск, каде бил одведен во болница.

Оттаму беше пренесен во болница во Берлин, Германија, каде токсиколошките тестови покажаа за несоборливи докази дека жестокиот критичар на Кремљ е отруен со нервен гас од советската група на хемиски препарати -Новичок.

Германија бара од Русија објаснување на инцидентот, но Москва негира била каква вклученост.

Навални ги предводеше националните протести против рускиот претседател Владимир Путин и порано бил мета на напад со опасна хемиска супстанца, а честопати бил и приведуван од руските власти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG