Линкови за пристапност

НАТО: Успешен тест на противракетна одбрана во Европа


Генералниот секретар на НАТО вели дека алијансата напредува со Штитот за одбрана од проектили.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата извршила успешен тест на системот за противзаштитна одбрана за Европа.

Во уреднички коментар во весникот Вол стрит џурнал, Расмусен подвлече дека НАТО подоцна месецов планира да објави „привремена оспособеност“ за системот за противракетна одбрана. Тој подвлече дека системот и натаму ќе има „ограничувања“, но дека неговото инсталирање ќе го одбележи првиот „вистински чекор“ кон покривање на сите земји-членки на НАТО во Европа.

Расмусен ја истакна заканата од балистички проектили, велејќи дека преку 30 земји поседуваат таква технологија. Првиот човек на Алијансата вели дека иако НАТО претпочита да ги решава проблемите по дипломатски пат, алијансата мора да биде способна да оговори на „агресорот“ што ги одбива таквите напори.

Русија се противи на системот за протиракетна одбрана во Европа, уште од неговото креирање, велејќи дека претставува закана по руската безбедност. Рускиот министер за одбрана порано месецов изјави дека Русија, НАТО и САД досега не нашле „заеднички прифатливо решение“.

XS
SM
MD
LG