Првиот човек на НАТО ја критикуваше Русија за интензивирањето на воздушната кампања против сириските бунтовници. Тој зборуваше пред средбата на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
„Во Сирија има проблематично влошување на ситуацијата поради руските армиски активности. Ќе го разгледаме последниот развој и импликациите по безбедноста на Алијансата“, рече генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Американскиот секретар за одбрана Аш Картер, кој учествува на разговорите, исто така ја критикуваше руската армиска кампања.