Линкови за пристапност

Адмиралот Бурк во Скопје: „Алијансата е среќна што ја има Северна Македонија за членка“


Адмиралот Бурк во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Адмиралот Бурк во Скопје

Прашан, дали постои начин НАТО да се приклучи во озбезбедувањето вакцини, Бурк воздржано одговори дека тоа е тема за која се размислува и разгледува во Брисел и на политичко и на воено ниво.

Пораката ја донесе првиот човек на Командата на НАТО во Неапол при посетата на Скопје. Американскиот адмирал Робер Бурк, кој ја посети земјава, токму на првата годишнина од зачленувањето во Алијансата, со државниот врв разговарал што и како Северна Македонија може да придонесе во идниот период во услови кога и самото НАТО се прилагодува на новите предизвици и закани.

Северна Македонија веќе на многу начини придонесува за НАТО, дел од вашите едници се под моја команда и тоа го прават со децении и јас би сакал да се заблагодарам за придонесот на Северна Македонија кон Алијансата
Адмирал Бурк, командант на силите на НАТО во Неапол


„Северна Македонија веќе на многу начини придонесува за НАТО, дел од вашите едници се под моја команда и тоа го прават со децении и јас би сакал да се заблагодарам за придонесот на Северна Македонија кон Алијансата и волјата да се изнајдат нови начини за придонес за реализација на НАТО-целите. Зборувавме и за други начини на кои земјата би можела да придонесе како што Алијансата се прилагодува на промените на облиците на закани со кои се соочува.“, изјави адмирал Роберт Бурк, командант на силите на НАТО во Неапол.

Прашан, дали постои начин НАТО да се приклучи во озбезбедувањето вакцини, Бурк воздржано одговори дека тоа е тема за која се размислува и разгледува во Брисел и на политичко и на воено ниво. Владата најавува дека земјава која е во фаза на модернизација и доопремување на армијата, како најнова 30-та членка на Сојузот, ќе биде додадена вредност на улогата на Алијансата на Балканот.

Како активна членка дадовме дополнета вредност на значењето на НАТО за безбедноста на овој регион со учество на КФОР силите кои се токму под команда на Заедничката команда во Неапол
Шекеринска, министерка за одбрана на Северна Македонија


„На средбата со адмиралот се обврзав дека Северна Македонија ќе даде сериозен придонес во максимата на Алијансата `Заедно сме посилни`. Како активна членка дадовме дополнета вредност на значењето на НАТО за безбедноста на овој регион со учество на КФОР силите кои се токму под команда на Заедничката команда во Неапол.“, изјави Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на Северна Македонија.

На 27 март минатата година инструментот за пристапување кон Вашингтонскиот договор беше депониран во Стејт департмнетот со што Северна Македонија и официјално стана дел од НАТО. Три дена подоцна пред седиштето на Алијансата во Брисел беше кренато македонското знаме.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG