Линкови за пристапност

НАТО и натаму е столб на стабилноста во Европа


Предизвикот од новото време, ја реформира, но и ја јакне Алијансата, смета генералниот секретар на НАТО.

Спроти самитот на шефови на дипломатии на НАТО следната недела во Вашингтон, на кој ќе се разгледуваат постигнатите резултати од 70 години од основачката декларација на Алијансата, ќе стане збор и за идните предизвици на заедничкиот одбранбен сојуз.

Поранешниот министер за одбрана Естонија Јури Луик, чија земја е веќе 15 години во НАТО, за грузиската редакција на Гласот на Америка се наврати на времето од Студената војна, кога земјите кои што беа членки на НАТО не беа под зголемен притисок и закана по суверенитетот и територијалниот интегритет. „За нас, НАТО беше еден од двата столба за интегрирање и прифаќање на европските вредности“, рече Луик и додаде дека „НАТО беше создаден во важен историски период и имаше огромна улога во стабилноста на Европа“, нагласи Луик.

„Предизвикот на НАТО е да го зголеми бројот на рапидни одбранбени сили коишто ќе може да бидат распоредени за кус временски период за заштита на една членка од сите, ако се најде под закана“, нагласи поранешниот прв човек на естонската одбрана.

Тој изрази надеж дека проширувањето на НАТО ќе продолжи и Украина и Грузија ќе бидат нови членки, што според него, не е прашање дали, туку кога ќе се случи нивната интеграција во Алијансата и покрај руското противење на ширењето на членството.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата можеби се менувала во развојот, но не направила компромис на основачкиот принцип за заложба кон членките на заштита и одбрана една со друга.

При неодамнешниот настан во германскиот Маршалов фонд, Столтенберг рече дека „политиката на отворени врати на НАТО е за вредностите и интересите на Алијансата. „Проширување е двигател на реформи. Ја збогатува Алијансата со нови гласови, искуства, подготвеност да одговори на предизвиците.

Од крајот на Студената воја, НАТО речиси двојно го зголеми членството од 16 членки во 1989-та до 30, кога Северна Македонија ќе стане полноправна членка.

„Политиката на отворени врати на НАТО и натаму е во сила“, изјави генералниот секретар. Тој најави дека НАТО ќе продолжи да соработува со трите аспиранти Босна и Херцеговина, Грузија и Украина.

Столтенберг истакна дека НАТО и денес се менува и се соочува со покомплексен и непредвидлив свет.

„Тоа не` направи најуспешна алијанса во историјата“, рече Столтенберг. Соочени со најголеми предизвици за нашата генерацијата, инвестираме во поголема спремност на силите и инвестирање во колективната одбрана и модернизирање. НАТО останува столб на стабилноста и зрак на надеж“, изјави првиот човек на Алијансата спроти одржувањето на министерскиот самит на шефови на дипломатии на Алијансата по повод 70 години од основачката декларација на НАТО во Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG