Државниот секретар на Мајк Помпео ги предупреди министрите за надворешни работи на членките на НАТО по повид 70 години од формирањето на НАТО дека Алијансата мора да го промени пристапот кон зголемените закани низ светот. Ги издвои руска агресија, неконтролирана миграција, кибернетски напади, заканите за енергетската безбедност, кинеската конкуренција за наметнување во сферата на интереси.
Генералниот секретар на НАТО на завршната прес конференција во Вашингтон изјави дека проширување не е провокација кон Русија.
„Проширувањето не е дека НАТО се проширува кон Истокот, туку дека тие, централно источни држави, сакаат да влезат во НАТО и таквата одлука ја донеле низ демократски процеси. Тоа треба да се почитува“, изјави Столтенберг.
Во фокус на дводневните разговорите на првите дипломати на членките на НАТО беа разидувањата околу безбедноста и други прашања, како и несогласувањето на САД со Турција која планира да купи руски систем за противвоздушна одбрана од типот С-400 од Русија. Според предупредувањето од Вашингтон, таквиот потег може да ја загрози безбедноста на американскиот борбени ловци од типот на Ф-35.
Министрите на работната сесија во Стејт департментот се осврнаа на начинот како да ги запрат чекорите на Русија, пред се` во Црното море, каде лани запленија три бродови на НАТО и побараа од Москва да ги врати бродовите и да го ослободи екипажот.
САД, исто така, ги повторија барањата сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана.
„Очекувам сите сојузници, вклучувајќи ја и Германија да го исполнат ветувањето“, рече Столтемберг.
Политиката на отворени врати и натаму е во сила, испрати порака од Вашингтон Столтемберг, а државниот секретар Помпео, го најави приемот на Северна Македонија во Алијансата.
“Нашата сила е во бројките. НАТО порасна и сега вклучува 29 нации. Годинава се подготвуваме да ѝ посакаме добредојде на 30-та членка Северна Македонија и задоволство ми е да кажам дека минатата недела формално ги поднесовме документите во Сенатот на САД да го ратификува пристапувањето на Северна Македонија”, оцени секретарот Помпео.
Со оглед на растечката поддршка за брзо завршување на процесот на ратификација на Протоколот со НАТО, шефот на дипломатијата на Северна Македонија во интервју за Гласот на Америка изрази прогноза кога, и официјално, земјата ќе стане 30-та членка: „Реални се очекувањата да станеме полноправна членка до декемврискиот Самит на НАТО во Лондон“
Претходно, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го предупреди Конгресот за заканата од Русија, велејќи дека западната алијанса нема намера да почне нова Студена војна со Москва, туку сака да спречи воена агресија. „Алијансата нема намера да распореди копнени нуклеарни проектили во Европа“, најави Столтенберг, обвинувајќи ја Русија за прекршување на Договорот за ликвидарење на ракетите со среден дострел, од кој САД најавија дека се повлекуваат поради руското прекршување.
Facebook Forum