Линкови за пристапност

ФБИ: Случајот со Буба Валас, единствениот Афроамериканец во НАСКАР, не е кривично дело од омраза


Во соопштение од НАСКАР се наведува дека бесилката која ја пронајде член од тимот на Валас во неделата била всушност „јаже врзано во јамка“, за отворање на влезната гаража, и било во форма на бесилка.

ФБИ објави дека пронајдената бесилка во гаражата на Буба Валас, единствениот Афроамериканец кој вози во НАСКАР, не е кривично дело од омраза.

По исцрпната истрага, федералните власти потврдија дека бесилката била во гаражата на трката Таладега од минатиот октомври, и оти е коинциденција што тимот на Валас бил одреден да ја користи токму таа гаража.


Во соопштение од НАСКАР се наведува дека бесилката која ја пронајде член од тимот на Валас во неделата била всушност „јаже врзано во јамка“, за отворање на влезната гаража, и било во форма на бесилка.

Претседателот на НАСКАР Стив Фелпс на прес-конференција ги поздрави наодите од истрагата на ФБИ, но инсистираше дека организацијата продолжува со своја интерна истрага за инцидентот.

Претходно, Валас рече дека е „неверојатно тажен“ и додаде дека чинот е „болен потсетник за тоа колку понатаму треба да одиме како општество и колку упорни мора да бидеме во борбата против расизмот“.

Валас доби голема поддршка од другите возачи за неговото барање пред две недели НАСКАР да го забрани истакнувањето на Конфедерациското знаме на трките, кое ја бранува јавноста изминатиот период во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG