Линкови за пристапност

Претставничкиот дом на САД: Одложено гласањето за можноста да се гласа преку онлајн


Спикерката Пелоси изрази резервираност за промени на едновековната традиција да се гласа лично во Конгресот, наведувајќи дека технологијата се уште не може да гарантира безбедност на гласањето.

Спикерката на Претставничкиот дом на Ненси Пелоси го одложи гласањето, кое ќе му овозможеше на ова законодавно тело за прв пат во историјата да гласа виртуелно.

Пелоси најави дека наместо тоа, меѓупартиска група на законодавци ќе се состане за да разговара за резолуцијата со која на законодавците им се дозволува да назначат полномошник за да гласа во нивно име и да им дозволат на комисиите да се состануваат виртуелно.

Спикерката Пелоси изрази резервираност за промени на едновековната традиција да се гласа лично во Конгресот, наведувајќи дека технологијата се уште не може да гарантира безбедност на гласањето. Но, предизвиците со пандемијата со коронавирусот можеби ќе ја принудат да ги преразгледа прописите.

Резолуцијата ќе им овозможи на членовите на Претставничкиот домот и на сведоците да учествуваат на состаноците на комисиите од далечина, а законодавците да гласаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG