Линкови за пристапност

Пелоси ќе се обиде Сенатот уште еднаш да гласа за натпартиска комисија за случувањата на 6-ти јануари


Nancy Pelosi holds news conference on legislation to create a commission on the attack
Nancy Pelosi holds news conference on legislation to create a commission on the attack

Шест републиканци гласаа со демократите за усвојување на законот, а седмиот отсуствуваше од гласањето, но најави дека ќе поддржи формирање на независна комисија.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси ја отфрли идејата за формирање претседателска комисија која ќе го истражува насилниот упад во Конгресот на 6-ти јануари. Таа им порача на демократите дека таквиот панел нема да биде функционален дури и покрај тоа што Сенатот блокираше формирање независна комисија минатата недела, објави Асошиејтед Прес.

Пелоси ги изложи потенцијалните политички чекори откако сенатските републиканци блокираа гласање за независна меѓупартиска комисија која траеше да го истражи упадот од поддржувачите на претседателот Трамп во Конгресот на 6-ти јануари.

Спикерката предложи Сенатот уште еднаш да се обиде ја гласа за формирање на комисијата. Шест републиканци гласаа со демократите за усвојување на законот, а седмиот отсуствуваше од гласањето, но најави дека ќе поддржи формирање на независна комисија. Тоа би значело дека демократите имаат потреба од уште тројца Републиканци за да стасаат до неопходните 60 гласови потребни за усвојување на легислативата.

Комисијата ќе биде под теркот на Панелот што ги истражуваше терористичките напади на 11-ти септември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG