Линкови за пристапност

Македонија и Грција никогаш не биле поблизу до решение


Експерти за прашањето за името - двете страни се блиску
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00

Експерти за прашањето за името - двете страни се блиску

Експертот Бугајски, смета дека двете земји никогаш не биле поблиску до решение. И генералниот секретар на ОБСЕ Гремингер, смета дека има моментум.

По последните протести во Скопје, но и во над 14 градови каде живее дијаспората под мотото „Ние сме Македонија“ за како што велат, - зачувување на македонскиот идентитет и против промена на името, експерти во Вашингтон, сепак, коментираат дека двете страни имаат шанса да направат исчекор.

Таква оценка изнесе и генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, Томас Гремингер.

„Има позитивна политичка динамика во Македонија и во Грција. Можноста за решение не треба да се одложува“, изјави Гремингер.

Јануш Бугајски, експерт за Балканот во Вашингтон коментира дека шансата не треба да се испушти.

„Веројатно ова е најдобра можност за решение за името што Македонија и Грција ја имале во последните 20 години. Македонија има нова влада која има големо почитување од меѓународната заедница, а во Грција има Влада која нема толку националистички призвук“, коментира Бугајски.

Запрашан, каде гледа основа за решение, со оглед на демонстрациите против решение, и во Скопје, но и во Атина. Бугајски вели:

„Компромисот би бил да се разочараат двете екстремни страни. На пример да се направат некои амандмани на Уставот на Македонија, но името Македонија да остане во решението. Земјата би останала Македонија, само би добила географска одредница“, коментира овој аналитичар од Вашингтон.

Решението за името, според Бугајски, ќе ја стави Македонија на брза патека кон членство во НАТО, на следниот самит уште во јули. Од членство корист ќе имаат сите граѓани на Македонија, коментира овој аналитичар од Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG