Линкови за пристапност

Жестоки преговори за ревидирање на НАФТА


Преговорите продолжуваат следниот месец во Мексико

Канадскиот министер за надворешни работи рече дека се неконвенционални и загрижувачки предлозите на преговарачката маса во време кога САД, Мексико и Канада го ревидираат Договорот за слободна трговска размена во Северна Америка, познат како НАФТА.

Четвртата рунда разговори за измени на 23-годишниот договор продолжува следниот месец во Мексико.

Канадската министерка Кристија Фриленд рече дека предлозите креирале „предизвици“ и “враќање чекор назад“.

Таа најави дека преговорите според принципот – „победникот зема се`“ има цел да го поткопа договорот НАФТА, а не да понуди напредок. Таа рече дека неуспехот да се постигне решение ќе значи губење многу работни места.

Министерот за економија на Мексико Иделфонсо Гуахеро, рече дека е јасно од почетокот на преговорите дека претстои уште многу работа, и најави дека сите земји имаат свои преговарачки линии.

Американскиот трговски претставник Роберт Лихтзингер, се пожали дека САД се соочуваат со голем трговски дефицит и ја обвини НАФТА за исчезнувањето работни места во секторот на производство. Тој изрази фрустрираност дека преговарачките партнери не покажале волја за промени со цел да се намали трговскиот дефицит на САД.

Трамп како претседателски кандидат за време на кампањата, жестоко го критикуваше договорот НАФТА. Според него, тој е штетен за САД и е причина за загубени милиони работни места дома и нивно одлевање во странство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG