Линкови за пристапност

Ако плаќате карта за концерт, зошто не би платиле за настап во живо преку Интернет?


Музичарите со предизвикот за настап во живо во време на Ковид-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Музичарите за настап во живо во време на Ковид-19

Музичарите со предизвикот за настап во живо во време на Ковид-19

Мерките за социјално дистанцирање со коронавирусот не ги избегнаа ниту музичарите кои ја промовираат идејата за наплаќање преку Интернет за настап во живо, со цел да им се помогне во време на Ковид-19 да продолжат со тоа што најдобро го знаат – да музицираат!

Рок музичар во бенд, пијанист на класична музика, и Ди-Џеј од ноќен клуб. Музичари, кои во време на коронавирус, бараат начин да го надминат предизвикот со Ковид-19. Тројцата сметаат дека изведбата во живо преку Интернет ќе биде наскоро нова реалност, но и можност музичарите, да продолжат да живеат од професијата.

Македонскиот пијанист Никола Паскалов живее во Вашингтон веќе неколку години, дава часови преку он-лајн, за клавир, но и од неговиот дом.

Глас на Америка: Што мислите за идејата да почнат да се наплатуваат настапите преку интернет, live streaming, коишто, сега се бесплатни?

Значи, подолго време сум размислувал на оваа тема. Има два концепта. Едниот е да биде бесплатно, другиот да се наплаќа. Многу зависи од самите платформи од самата идеја на музичарот. Идејата да се наплаќа он-лајн е се поприсутна, со оглед дека нема концерти во живо, ѝ е еден вид начин да му се потпомогне на музичарот да преживее во вакви вонредни услови, коментира Паскалов.

Николас Фариа Лима Содерсторм, басист и гитарист кој во време на коронавирус и откажани свирки и концерти, се префрлил на академска работа и држи часови преку он-лајн, за гитара за помлади.

Ако плаќате карта за концерт, зошто не би платиле за концерт во живо преку Интернет
Николас Содерсторм, басист во рок бенд


Да, има логика. Ако плаќате карта за концерт, зошто не би платиле за концерт во живо преку Интернет? Музичарите обезбедуваат иста услуга“, вели Николас.

На него, се надоврза и Томас Блондет, поранешен Ди-Џеј во легендарниот ноќен клуб 18 Street Lounge.

„Многу ди-џеи и музичари веќе преку live streaming имаат настапи, примаат донации за време на настанот во живо, а некои популарни, веднаш бараат да платите ако сакаме да го гледате концертот, заклучи Блондет.

Виртуелни концерти во време на Ковид-19
Виртуелни концерти во време на Ковид-19

Меѓу познатите, се издвои Стјепан Хаузер од 2Cellos, кој одржа настап во живо преку Интернет, од Дубровник. Неговиот исчекор го следат и ди-џеи

Музичарите се единствени во заложбата. Се наметнува дилемата - дали би платиле преку Интернет за да слушате и гледате настап во живо од било кој жанр, или, пак, ништо не може да го замени настапот – во живо, но во некои подобри времиња.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG