Мозамбик е во средиште на национално жалење по илјадници жртви во јужните делови во Африка што се најдоа на патот на опустошувачката моќ на циклонот Идаи.
Официјални лица потврдија дека во Мозамбик, Зимбабве и Малави животот го загубиле повеќе од 300 лица.
Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат поројни дождови и објавија опасност од пораст на нивото на водите.
Мозамбик е најтешко погоден, поради слевање на реките од соседните држави. Спасувачките напори се интензивирани во најтешко достапни региони.
Стејт департментот објави дека САД ги поддржуваат спасувачките и хуманитарни напори во координација со сојузниците.
Facebook Forum