Финишот кој остава без здив во продолжението "Avengers: Infinity War", каде галактичкиот семоќен Танос го претвара половина од животот на планетата Змејја во прашина и продолжението по него, "Avengers: Endgame", е конечно поглавје на франшизата за Одметниците, обединувајќи ги на едно место сите супер-херои на Марвел во последна битка против злогласниот титан.
Репортерот на Вашингтон пост Дејвид Бетанкорт вели дека филмот се очекува да биде блокбастер - врв од сите досегашни продолженија.
„Одмазници: Завршница“ е последно поглавје, досега невидено. Го поврзува наративот од неколку филмови на франшизата во период од една деценија. Ова е 22 филм на Студијата Марвел.
Кои елементи креираат блокбастер со ваква магнитуда?
Најпрво, според Пол Руд, кој го игра „Човекот мравка“ – ликовите:
„Овие ликови се прототипови. Емотивно ехо од меѓусебните односи се главна сила во филмовите“, вели Руд.
Важно е и сценариото за филмот, вели актерот „Тор“, Крис Хемсворт - „Мислам дека е мрачно, на одреден начин. Поблаго кажано, чуден. Спој на независни ликови со најпознатите актер и на денешницата“.
Еден блокбастер не може да биде успешен без неочекуван крај, вели еден од пионерите на Одметниците - "Iron Man", актерот Роберт Дауни.
„Последните осум минути од филмот, можеби се најпознати осум минути во историјата на сите серијали, затоа што сите се инволвирани – заедно“.
Во кино-салите ширум САД се организираат маратонски проекции на сите 22 продолженија коишто водат до премиерата на „Одмазници: Завршница“.
Со оглед на филмската треска и барањата во препродажбата за билети, не би ме изненадило филмот да заврши со заработувачка од 3 милијарди, коментира новинарот Дејвид Бетанкорт.
Долари! Крајот на франшизата на Одмазници сигнализира нова фаза во универзумот Марвелс како етнички поразличен свет на суперхерои.
Го имате “Black Panther.” Заработи милијарда долари. Потоа “Captain Marvel” , со заработувачка од милијарда долари. Тие се доказ дека има публика за ваков вид на херои.
Facebook Forum