Линкови за пристапност

Уапсен водачот на Мотоциклистичкиот клуб „Бандитос“ во САД


Дебата во јавноста дали моторџиите треба да се нарекуваат „банди“, ако некои членови имаат проблеми со полицијата

Федералните агенти и локалната полиција го уапси претседателот на Мотоциклистичкиот клуб „Бандитос“ Џефри Феј Пајк во неговата куќа во Конро, недалеку од Хјустон. Во федералниот обвинителен акт од 19-ти декември, 60-годишниот моторџија и уште двајца луѓе се товарат за планирање, одобрување и давање дозвола за насилство врз членови на ривалскиот клуб „Косакс“.

Федералните агенти во Сан Антонио уапсија уште двајца – потпретседателот на „Бандитос“ Џон Хавиер Портило и Џастин Кол Форстер за слични обвиненија. Фостер е обвинет и за поседување и намера за продавање на метаметафин.

За Гласот на Америка, адвокатот на Пајк, Кент Шафер рече дека конкретните обвиненија против лидерот на „Бандитос“ се поограничени отколку генералните обвиненија против тројцата во обвинителните акт.

Шафер рече дека „ништо не докажува дека Џеф Пајк нешто сторил освен дека знаел дека „Бандитос“ во западен Тексас војуваат со „Косакс“.

Шафер пред федералниот судија рече дека биле мотивирани да дејствуваат поради пукотницата врз моторџија во Вако, Тексас, кога беа убиени деветмина, а десетина беа повредени.

Но федералните власти ги товарат дека ковале планови за насилните вооружени напади и убиства. Во обвинителниот акт, „Бандитос“ се окарактеризираат како „организирана криминална организација“.

Но, организациите за граѓански права и правни експерти ги критикуваат масовните апсења од страна на полицијата и содржината и терминологијата во обвинителните акти.

Професорот по историја на Техничкиот Универзитет во Лубок, Тексас, Ренди Мекби, се противи дека полицијата и медиумите го користат зборот „банди“, а се однесуваат на „клубови“, и изрази загриженост дека граѓаните може да ги гледаат сите моторџии како криминалци, поради тоа што криминалните акти ги извршиле релативно мал број на членови во клубовите.

Но, некои официјални лица од агенциите за заштита на редот и поредокот се согласуваат со ставот на Мекби, но коментираат дека има многу докази кои покажуваат дека насилството и нелегалните акции станаа дел од однесувањето и културата на некои членови од клубовите, а тоа според него, го оправдува користењето на терминот - „банди“.

XS
SM
MD
LG