Линкови за пристапност

Могерини: На гласањето на 30-ти септември, иднината е во ваши раце


Могерини со порака до граѓаните на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:34 0:00

Могерини со порака до граѓаните на Македонија

Денеска во Скопје, меѓу другите државници, во посета беше и високата претставничка за одбранбена и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини

Могерини се срена со државно-владиниот врв и во придружба на премиерот Заев ја посети и скопската чаршија. Нејзината порака е дека граѓаните на земјата сега треба да го искористат моментот за македонија да напредува кон својата цел – членство во ЕУ и НАТО.

„Мојата порака до сите вас е да запомните дека кога гласате на референдумот на 30-ти септември в раце ќе ја имате иднината на вашата земја и никој друг тоа не може тоа да го стори наместо вас. Не можете да си дозволите и да останете неми и да не кажете каква иднина сакате за вашата земја. На овој пат мора да одите сите заедно, одговорноста е на сите, на претседателот, владата, опозицијата и секако граѓаните. Сакаме да ве видиме како се придвижувате напред кон ЕУ, да бидете дел од Унијата“, изјави високата претставничка за одбранбена и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG