Линкови за пристапност

Гадафи убиен во напад во Сирт


Гадафи убиен во напад во Сирт
Гадафи убиен во напад во Сирт

Наводно најпрвин бил тешко ранет во обидот да избега од градот.

Поранешниот либиски водач Моамар Гадафи загина во нападот на силите на новата привремена влада во родниот град Сирт.

Гадафи беше на 69-годишна возраст. Владееше со Либија преку 40 години.

Премиерот на либискиот Национален транзиционен совет (НТЦ), Мохамед Џибрил, ја потврди веста за смртта на Гадафи. На прес-конференција во Триполи, Џибрил рече дека сега е време сите Либијци да изградат нова, обединета Либија.

Францускиот министер за одбрана Жерар Лонге изјави дека француски борбен авион, што учествува во мисијата на НАТО, денес го нападнал конвојот на Гадафи додека се обидувал да избега од Сирт.

Копнените сили на НТЦ кои биле во потера по конвојот го нашле Гадафи како се крие во канализација во предградие на Сирт. На снимката што медиумите ја пренесоа низ светот се гледа како војниците го носат Гадафи целиот облиен во крв, непосредно пред да почине од раните од огнено оружје. Засега не се знае кој го има застрелано.

Голема група луѓе во Триполи славеше по веста за смртта на Гадафи и падот на Сирт.

Либискиот министер за информации соопшти дека денес бил убиен и еден од синовите на Гадафи, Мутасим. Премиерот Џибрил кажа дека силите на НТЦ се во потрага по друг негов син, Салиф ал-Ислам, за кој се верува дека се крие во село близу Сирт.

XS
SM
MD
LG