Доживотна казна затвор за Младиќ. Судиите во ОН се произнесоа и ја отфрлија жалбата од поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ кој во 2017-ма беше обвинет за геноцид, воени злосторства и злодела против човештвото.
Младиќ кој сега има 78 години е осуден на доживотна казна затвор. Беше прогласен за виновен за масакрот врз повеќе од 8000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница за време на војната во Босна во 1992-1995-та.
Неговите адвокати тврдат дека обвинувањата се базирани врз правни и фактички грешки, и оти тој треба повторно да добие судење, затоа што и други лица се одговорни за злоделата на просторите на поранешна Југославија.
Во 2016-та и политичкиот лидер Радован Караџиќ беше прогласен виновен за слични обвинувања и доби 40 годишна казна затвор.
Познат по прекарот „Касапот од Босна“, Младиќ и Караџиќ се обвинети дека за време на војната се одговорни за убивањето на 100.000 луѓе.
Facebook Forum