Пет лица беа убиени од напаѓач пред седиште на пивница во Милвоки, Висконсин, пред самиот да си го одземе животот.
Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 51-годишен маж, не го објави неговиот и идентитетот на жртвите пред да бидат известени нивните семејства.
Претседателот Трамп ја отвори прес-конференцијата во Белата куќа посветена на коронавирусот, оценувајќи го инцидентот како трагичен настан. „ Со мислите сме со Висконсин и нивните семејства“, рече претседателот.
Полицијата не обелодени информации за нападот и за мотивот на напаѓачот.
Во Висконсин имало бројни масовни убиства во изминатите 20 години. Тука спаѓа и масакрот од 2012-та, кога шест лица беа застрелани од бел националист пред Храм на Сиките во Милвоки. Напаѓачот повреди и четири други лица пред да си го одземе животот.
Facebook Forum