Линкови за пристапност

„Одлучен удар“ – најголемата воена вежба во историјата на Северна Македонија


„Одлучен удар“ – најголемата воена вежба во историјата на Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:22 0:00

Најбројното присуство на американски војници досега – дури 1.300

На 9 јули, 2.700 војници ќе учествуваат во „Одлучен удар“ – најголемата воена вежба во историјата на Македонија. Освен масовноста, оваа операција ја карактеризира и најбројното присуство на американски војници во земјава досега – дури 1.300. Со толкав број ќе учествува и АРМ. Останатите 100 се од Албанија, Црна Гора, Бугарија и Литванија.

„На нашите сојузници учесници на вежбата сакам да им порачам дека и со оваа вежба и со приемот на Северна Македонија во НАТО ќе добијат искрен и посветен сојузник кој покажа дека знае сериозно да им пристапи на сите предизвици“, порача Беким Максути, заменик - министер за одбрана на Северна Македонија.

„Додека се подготвуваме да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка, пригодно е што „Одлучен удар“ се случува овде, на Криволак. Оваа вежба е моќен пример за тоа како вашите армиски единици се подготвуваат да станат дел од НАТО, спремни да соработуваат со останатите сојузнички војски и да се справуваат со идните закани“, изјави Микаела Швајцер-Блум, вршителка на должноста амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Целта на вежбата е синхронизирање на интероперативноста меѓу силите за специјални операции на партнерските земји. 2.700 војници ќе изведуваат операции и на копно и во воздух. Предвидено е вежбата да има 26 настани со вкупно 96 задачи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG