Линкови за пристапност

Царовска во Вашингтон: 120.000 граѓани ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа


Интервју: Мила Царовска за Гласот на Америка
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:46 0:00

Интервју: Мила Царовска за Гласот на Америка

Министерката за труд и социјална работа во интервју за Гласот на Америка се осврна на воведување на детски и образовен додаток во Северна Македонија

Министерката за труд и социјална работа Мила Царовска во екслузивно интервју за Гласот на Америка вели дека повеќе од 120.000 граѓани ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа, зашто во семејните буџети имаат повеќе финансиски средства. Во интервју за Гласот на Америка потенцира: „Најголема реформа е што вложивме во децата, воведување на детски и образовен додаток, за да може идната генерација од најпогодените семејства да не биде повеќе во сиромаштија, туку, да може да излезе и да се бори на пазарот на труд“, вели Царовска.

Интервју за Гласот на Америка
Интервју за Гласот на Америка

Во Северна Македонија малку има инвестирано во човечки капитал, но Министерството е фокусирано на инвестирање во предучилишна возраст, коментира министерката Царовска.

„Политичко-економски фактори во реформите и спроведувањето на социјалната заштита“, беше тема на министерската панел-дискусија на која учествуваше Мила Царовска во седиштето на Светската банка.

Со овој панел, почна неколкудневната обука за социјална работа и заштита, која се одржува во Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG