Линкови за пристапност

Експерти спроти пописот во април: „За 10 години само во Западна Европа се отселиле 160.000 македонски државјани“


Експерти за пописот во април
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:19 0:00

Социологот, Илија Ацески, вели дека постои стравување дека во изминатите две децении, случени се радикални промени во одредени сфери во државата.

Експертите сметаат дека резултатите од пописот во април ќе бидат драстично поразлични од оние во 2002 година.

Резултатите од пописот кој треба да се спроведе во текот на месец април, ќе донесат драстична промена во демографската структура на населението во Северна Македонија во однос на последниот попис од 2002 година, вели за Гласот на Америка, Дончо Ѓерасимовски, поранешен директор на Заводот за статистика. Според Еуростат од 2008-ма до 2018-та, бројот на македонски граѓани кои добиле дозвола за престој во некоја од земјите на ЕУ е приближно 160.000.

„Последниот податок кој го слушнавме овие денови е колку наши граѓани односно државјани се отселени во САД. Тоа е околу 24.601.
Ѓерасимовски, поранешен директор, Завод за статистика


Дончо Ѓерасимовски, поранешен директор на Завод за статистика коментира: „Последниот податок кој го слушнавме овие денови е колку наши граѓани односно државјани се отселени во САД. Тоа е околу 24.601. Тоа допринесува од потреба и за други длабински анализи, колку се заминати во Канада, Нов Зеланд, Австралија, и останатите европски земји“.

Социологот, Илија Ацески, вели дека постои стравување дека во изминатите две децении, случени се радикални промени во одредени сфери во дражавата. Причина за тоа смета е што подолг временски период има помасовно иселување надвор од земјата.

„Според некои проценки, од она што можам да го видам и што е познато, некаде околу 500.000 жители сигурно имаме иселено. Цели делови и региони во Македонија се буквално иселени. Во тоа е целиот проблем. Од Струмица и струмичко, повеќе деца се раѓаат во Италија, отколку во Струмица“, коментира, Илија Ацески, социолог.

„За десеттина години ние имаме некаде околу 45000-50000 родени деца во странство“, Дончо Ѓерасимовски, поранешен директор на Завод за статистика.

Ако дојдете вие до еден податок, од 17% албанско насление или во тие општини каде нема 20%, само по себе по тие закони ќе доведе до едно пореметување на самиот систем. Затоа, резултатите од пописот не би требало да променат ништо во однос на тоа како денес функционира македонската држава.
Ацески, социолог


Ацески очекува дека со пописот би можело да дојде и до промена на процентуалната застапеност на етничките заедници: „Пред се делот во Западна Македонија, каде е најголемата концентрацијата на албанското население и каде во последните две децении имаме голем процент на иселување. Ако дојдете вие до еден податок, од 17% албанско насление или во тие општини каде нема 20%, само по себе по тие закони ќе доведе до едно пореметување на самиот систем. Затоа, резултатите од пописот не би требало да променат ништо во однос на тоа како денес функционира македонската држава. Ако се убедуваме, не знам дали ќе има попис и во наредните 20 години“.

Ѓерасимовски вели дека доволно е да се следи морталитет и наталитет на населението и работите ќе бидат појасни. Веќе втора година вели земјава има негативен природен прираст.

Од осум региони кои постојат во државата, шест се со негативен природен прираст. Тоа се 56 општини, тоа е над 60% од општините во Република Македонија, кои имаат негативен прираст.
Ѓерасимовски, поранешен директор, Завод за статистика


„Од осум региони кои постојат во државата, шест се со негативен природен прираст. Тоа се 56 општини, тоа е над 60% од општините во Република Македонија, кои имаат негативен прираст. Тоа значи дека се намалува населението во тие општини“, вели Дончо Ѓерасимовски, поранешен директор на Завод за статистика.

Сериозен проблем е што во земјава не се следaт надворешните миграции и нема одјавување на населението кое заминува надвор во светот, иако за тоа постојат точно утврдени стандарди кои ги променуваат сите држави во светот, вели Ѓерасимовски.

Ацески, пак, вели дека покрај Северна Македонија, само уште една африканска држава не спровела попис, последните 20 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG