Линкови за пристапност

САД ја истакнаа определбата за промовирање на човековите права дома и ширум светот


Пред 70 години, Генералното собрание на ОН ја усвои Универзалната декларација за човековите права

Пред 70 години, Генералното собрание на ОН ја усвои Универзалната декларација за човековите права. Суверените нации се обединија да ги почитуваат правата на сите индивидуи, се вели во соопштението од Стејт департментот по повод Светскиот ден на човековите права.

Декларацијата за основните принципи останува релевантна денес како и пред 70 години, се вели во изјавата на државниот секретар Мајк Помпео по повод Денот на човековите права.

Сепак, владите ја згаснуваат слободата на верско уверување, и израз. Властите продолжуваат да вршат тортура и нехуман третман врз затворениците.

Американската надворешна политика е втемелена во определбата дека владите мора да ја почитуваат индивидуалната слобода и права кои и натаму се најголем двигател на просперитетот, стабилноста и мирот.

На меѓународниот ден на човековите права, САД ја истакнуваат определбата за промовирање на човековата слобода дома, и ширум светот.

На седумдесетата годишнина од Универзалната Декларација на Човековите Права, се приклучи и Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), која во соопштение објави дека ги слави успесите во демократијата, човековата слобода и меѓународната соработка, од потпишувањето на декларацијата во 1948 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG