Државниот секретар Мајк Помпео призна дека побарал од претседателот Доналд Трамп да го отпушти Генералниот инспектор на Стејт департментот, но негира дека тоа е одмазда поради истрагата на групата за надгледување на неговата работа.
Помпео повторно синоќа се соочи со прашања од новинарите за отпуштањето на генералниот инспектор Стив Линик.
„Му предложив на претседателот да биде сменет Стив Линик. Тоа требаше да се направи многу порано“.Помпео
„Му предложив на претседателот да биде сменет Стив Линик. Тоа требаше да се направи многу порано“, потврди Помпео.
Медиумските извештаи шпекулираа дека Линик наводно бил отпуштен дека ги истражувал наводите дека државниот секретар Мајк Помпео имал персонал, кој извршувал лични задачи, за него, и жена му, која честопати го придружувала на патувања во странство, но и обврски како што е шетање на неговото куче.
„Да бидам јасен. Има тврдења дека ова е одмазднички чин поради истрагата што ја спроведувала канцеларијата на генералниот инспектор. Тоа не е точно“, изјави Помпео.
Тој одби да појасни зошто е сменет Стив Линик.
Демократските законодавци велат дека Линик исто така спроведувал истрага како Помпео се залагал да продолжи процесот за продажба на оружје во Судиска Арабија во висина од 7 милијарди долари лани користејќи ја декларација на вонредни случаи за да го заобиколи Конгресот.
„Конгресот усвои закон за продажба на оружје во Саудиска Арабија, и во Стејт депертментот усвоија лажен акт за вонредна состојба, за да продолжат со продажбата и можеби сега се дел од истрага“, рече спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.
Таа оцени дека претседателот Трамп ја поткопува американската демократија со отпуштање на четворица генерални инспектори, позиции кои беа формирани по скандалот Вотергејт во 1970-те.
Линик беше назначен за генерален инспектор на Стејт департментот од страна на поранешниот претседател Барак Обама.
Facebook Forum