Линкови за пристапност

Помпео: На САД им значи многу мисијата на НАТО


Новиот американски државен секретар присуствуваше на министерскиот состанок на Алијансата во Брисел

​Американскиот државен секретар Мајк Помпео е во Брисел на министерската средба на НАТО. Ова е негова прва посета во странство, како шеф на американската дипломатија.

„Штом бев потврден на функцијата, веднаш се качив на авион“, му кажа Помпео на Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. „Има добра причина за тоа, ова што се работи овде е од особена важност, исто како и нашите цели. На САД им значи многу оваа мисија“, додаде американскиот државен секретар.

Тој подвлече дека „претседателот Доналд Трамп, изразил особена желба Помпео да присуствува на овој состанок.

Столтенберг и другите лидери во Брисел, ја поздравија брзата реакција на првиот дипломат на САД.

„Сметам дека ова е одличен показател за важноста на Алијансата и со нетрпение очекува да разговарам со Вас околу потребата за адаптирање на НАТО во безбедносната средина за која постои огромен интерес“, му порчал Генералниот секретар на Помпео.

Шефот на американската дипломатија по серијата средби, кажа дека „е мнаогу мала веројатноста САД да останат во Иранскиот нуклеарен договор“.

Помпео и другите министри на членките на Алијансата, се очекува да се фокусираат на тоа како да се спротивстават на кибернетските напади на Русија и другите мешања во западните демократии, како и за улогата на Москва во штитењето на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

По состанокот со колегите од НАТО, Помпео ќе отпатува за Блискиот Исток, каде Иранскиот нуклеарен договор најверојатно ќе биде на врвот од агендата на разговорите со саудискиот, јорданскиот и израелскиот државен врв.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG