Началникот на Здружениот генералштаб на САД Мајк Мулен се наоѓа во Јужна Кореја каде присуствува на инаугурацијата на новиот командант на американските сили во оваа земја.
Мулен претходно беше во четиридневна посета на Кина, каде му беше обезбеден редок пристап до базите за нуклеарни проектили и подморници.
Генералот Џејмс Турман ја презеде командата врз преку 28.000 американски војници во Јужна Кореја.