Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор е во Вашингтон на средби со американскиот претседател Доналд Трамп откако новиот трговски договор меѓу двете држави плус Канада стапи во сила.
Пред заминувањето од Мексико сити, Лопез Обрадор неколкупати на новинарски прашања повтори дека други теми како имиграционата политика, нема да бидат во фокусот, туку главен акцент ќе биде на трговскиот договор.
Тој ги подвлече економските предизвици со кои се соочува Мексико, како и многу други држави, за време на Ковид-19, и ја потенцираше неопходноста од добри односи со соседите.
Претседателот Трамп пред посетата на Лопез Обрадор кусо изјави: “Тој е добар човек. Пријател. Имаме одлични врски со Мексико“.
САД, Мексико и Канада го унапредија Северноамерикански трговски договор од 1990-те. Тоа уследи по барање од претседателот Трамп, кој го оцени актуелниот трговски договор како погубен за американските бизниси и работници.
Трговската размена во Северна Америка изнесува околу 1,2 трилиони долари.
Facebook Forum