Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови вербалните напади врз Мексико дека не прави доволно да го запре новиот бран мигранти на пат кон САД да бараат азил, како и оти неодамна мексикански војници впериле оружје кон американски колеги на границата.
„Многу голем караван од над 20.000 лица минува низ Мексико. Намален е од страна на тамошните власти, но се уште е голем. Мексико мора да реагира, во спротивно ќе затвориме границата и ќе распоредиме армиски сили. Трговците со дрога имаат и оружје“, напиша Трамп на Твитер.
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1121012339552194560
Тој заклучи „Мексико не прави доволно во одвраќање на бранот имигранти на пат кон Мексико.
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1121021160827887616
Претседателот на САД неколку пати се закани дека ќе ја затвори јужната граница со Мексико. Но, се откажа од идејата под притисок од демократите и републиканските законодавци коишто предупредија дека затворањето на границата ќе се одрази врз економската размена меѓу двете држави. Трговската размена меѓу САД и Мексико изнесува повеќе од 1, 6 милијарди долари годишно.
Претходно, Трамп рече дека на Мексико ќе му даде рок од една година да спречи проток на илегални наркотици и мигранти на јужната граница. Ако не го стори тоа за една година, тогаш Трамп се закани дека ќе воведе тарифи, а ако и тоа не функционира, ќе ја затвори јужната граница.
Facebook Forum