Линкови за пристапност

ОМД: Загриженост за говорот на омраза во Македонија


ОМД: Загриженост за говорот на омраза во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

ОМД: Загриженост за говорот на омраза во Македонија

Мето Колоски: Потребно е обединување на земјата по тесните избори

Обединетата Македонска Дијаспора ( ОМД) од Вашингтон внимателно и детално ги следи случувањата во Македонија по предвремените парламентарни избори на 11-ти декември и длабоко е загрижена околу состојбите во државата, коментира претседателот на ОМД Мето Колоски.

„Загрижени сме особено околу говорот на омраза не само што се вметна за време на политичката кампања туку и потоа. Време е лидерите на политички партии во државата да ги остават личните партиски интереси настрана и да се фокусираат на националните интереси“, изјави Колоски.

Тој апелира на смирување вжештената реторика во Македонија на сите нивоа во општеството и враќање на состојба во која ќе може смирено да се дискутира.

Според него, независно кој ќе формира влада и ќе биде мандатар, потребна е активна опозиција која ќе биде коректор на владините политики.

Како потсетување, и Стејт департментот, преку портпаролот Џон Кирби, неодамна изрази загриженост за зголемената политичка напнатост во Македонија, по изборите на 11 декември и пред прегласувањето во Теарце.

„Ја осудуваме потпалувачката реторика од некои политички лидери, напаѓајќи ги демократските институции и амбасадорите акредитирани во Македонија“, изјави Кирби, и додаде: „Ги повикуваме политичките лидери да престанат со нападите, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање кредибилна, стабилна влада, која ќе биде одговорна и ќе ги почитува владеењето на правото и фундаментални слободи“, коментираше Стејт департментот.

САД се подготвени да дадат поддршка на таква влада, за да може да постигне долгорочната цел на Македонија - евроатланска интеграција, рече Кирби.

XS
SM
MD
LG